• Мартин Танасковски
Вистински фудбалски празник понудија Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен во Бундеслигата, а мечот заврши со шест гола и без победник - 3-3.
- Извештај од натпреварот:
Фаворитот одлично го отвори натпреварот и во 15. минута следеше убава акција на гостите, асистираше Милер, а Ким погоди за 0-1. Ајнтрахт брзо се врати во игра и не само тоа, домаќините го свртеа мечот во 13 минути. Во 22. минута Кнауф го пронајде Мармуш, кој беше прецизен и погоди за 1-1, израмнување во Франкфурт, па во 35. минута. Екитике погоди за 2-1, а асистенцијата му припадна на Мармуш.
Феноменалното прво полувреме Упамекано го зачини со гол за 2-2 во 38. минута, што беше и резултат на паузата. Баерн до третиот гол стигна на стартот од вториот дел. Во 53. минута Олисе погоди за 2-3, асистенцијата беше благодарение на Кејн.
Баварците во вториот дел имаа доста проблеми со реализацијата, пропуштија уште две шанси преку Кимих во 56. и Коман во 77. минута од натпреварот, а до крајот на мечот домашните сепак стигнаа до 3-3, тоа беше во четвртата минута од судиското надополнување кога Мармуш постигна гол.
За лидерот Баерн Минхен ова беше второ реми во Бундеслигата сезонава. Тимот има 14 бода, исто колку и второпласираниот РБ Лајпциг, а трет е Ајнтрахт Франкфурт со 13 бода.