Фудбалска уметност: Издрибла половина тим и постигна ремек-дело за Молде (ВИДЕО)

Фофана

Најубавиот погодок во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА го постигна Давид Фофана.

Фудбалерот на Молде, кој запиша победа од 3-0 против Кишварда, претрча половина терен и се запиша во листата на стрелци. На патот до погодокот издрибла речиси половина тим, вклучувајќи го и голманот, за на крај рутински да ја затресе противничката мрежа.

Фудбалерот на норвешката екипа стана популарен преку ноќ поради ова мало фудбалско ремек-дело, во стилот на Диего Марадона...