ВИДЕО: Фудбалска магија во Амстердам – антологиска асистенција со ПЕТА на Мален

Захави

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ремизираа на гостувањето кај големиот ривал Ајакс (2-2). Овој резултат не донесе никакви промени на табелата, па екипата од Амстердам остана со еден бод предност пред денешниот противник.

Меѓу четирите гола се истакна првиот за водство на гостите уште во втората минута од натпреварот. Донел Мален покажа елитни фудбалски квалитети и со пета прекрасно го проигра Еран Захави, кој немаше право на грешка од оваа изгледна позиција.

  • Асистенцијата на Мален и голот на Захави против Ајакс: 

ПСВ Ајндховен стигна до 0-2, но до крајот прими два гола и мораше да се задоволи со еден бод на „Јохан Кројф Арена“.