• Горан Упале
Иако беше голем фаворит, фудбалската селекција на Алжир ги разочара своите фанови, откако попладнево одигра само 2-2 против Зимбабве.
Една од најдобрите африкански селекции одлично го отвори натпреварот и уште од раната фаза имаше водство од 0-2, но во продолжение потфрли и остана без планираната победа. Денес расположен за надигрување беше асот на Манчестер Сити, Ријад Марез, кој зад своето име го запиша потегот на натпреварот, откако најпрво на магичен начин ја прими топката, а потоа си поигра со домашните дефанзивци, а на крај ја заби топката во противничката мрежа.
- Голот на Марез против Зимбабве:
Ова реми беше прв неуспех за Алжир во квалификациите за Афиканскиот Куп на нации, по трите победи во воведните кола.