Фудбалот во втор план, Шкотска и Украина во судир за место на Мундијалот

Украина

Околностите кои го следат последното полуфинале од европскиот бараж меѓу Шкотска и Украина за пласман на СП 2022 во Катар ви се добро познати и тоа ги става двата ривали во специфична положба.

Секако, тоа посебно се мисли на гостите кои колку и да се фокусираат да мислат на фудбал за време на подготовките во Словенија, со мислите беа со своите сонародници поради војната во татковината. Затоа главно прашање е каква ќе биде менталната сила на Украина – иако се сомневаме дека и физички се на посакуваното ниво, додека тактиката и воиграноста ја имаат во нозете – но, сето ова може да го надополнат со неверојатната мотивација по секоја цена да дојдат до завршниот дуел на „Вембли“ против Велс и колку-толку да ја израдуваат нацијата.

Шкотите се исто така наострени по долги 24 години да се најдат на сцената со најдобрите светски селекции. Квалификациите ги одработија над очекуваното, единствено Данска покажа повеќе, а искуството од претходното Европско првенство може да им користи грешките да ги сведат на минимум.

Стриктно фудбалски гледано, Украина има поквалитетни индивидуалци. Меѓутоа, костурот на тимот го сочинуваат играчи од домашното првенство кои немаат видено топка со месеци, ниту имаа желба за такво нешто, а тука е и епизодната улога на лидерот Андриј Јармоленко во Вест Хем. Што се однесува на Шкотска, тука нема играчи од светска класа, но се борбени и упорени и тоа носи резултати, а ќе имаат и голема поддршка од публиката од 50.000 фантастични, но исклучително коректни навивачи и тоа е олеснителна околност за Украина.

Да заклучиме: Шкотска е благ фаворит, иако продолженијата се најизвесни. Влогот е голем, но ГГ не е исклучено.