Фудбалот се враќа на Балканот: Ќе играат мечеви и тоа со публика

Црногорската фудбалска лига ќе продолжи претстојниот викенд, а информацијата за шампионатот ја соопшти премиерот на земјата, Душко Марковиќ.

Црногорската лига ќе продолжи по пауза од 84 дена, а интересно, дуелите ќе се играат пред публика. Секако, бројот на гледачи ќе биде ограничен, а посетителите ќе мора да почитуваат мерки според протокол кој ќе биде објавен.

Засега нема конкретни информации како ќе се играат натпреварите и по кој протокол ќе може гледачите да ги следат.

Покрај Црна Гора, во претстојниот викенд се очекува да стартува и првенството на Србија, а исто така закажани се и натпревари од Купот на Хрватска.