Фудбалот се игра за вакви моменти: Илјадници „нераѕури“ го пречекаа шампионскиот Интер (ВИДЕО)

Интер

Навивачите на Интер оваа сезона имаа можност да се израдуваат на титулата во домашното првенство, по пауза од една деценија.

Антонио Конте го врати скудетото на „Џузепе Меаца“ и ја прекина доминацијата на Јувентус. Фановите се импресионирани од неговата работа, а колку се задоволни од фудбалерите покажаа на денешниот пречек пред дуелот со Удинезе на домашен терен, последен во тековната сезона.

Автобусот на новиот шампион на Италија едвај се движеше и стигна до посакуваното место.

Со победа „неразурите“ ќе ја потврдат одличната сезона во Серија А и ќе ја надминат границата од 90 бода на своето салдо.