Фудбалот како Супербоулот: КОНМЕБОЛ предлага поголеми паузи меѓу полувремиња

Супербоул

Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) даде предлог за продолжување на времетраењето на паузите меѓу двете полувремиња.

Главна причина за оваа идеја секако се финансиите. Можноста за повеќе реклами додека се чека вториот дел ќе донесе повисока заработка на клубовите, но и на челниците на светскиот фудбал.

Промената на правилата ќе ѝ овозможи на Премиер лигата да воведе спектакуларни шоуа на полувремето од своите натпревари. Поточно може да организира концерти во живо за време на финале на ФА Купот или Лига Купот на „Вембли“, пишува „Дејли Мејл“.

Пример е земен од Супербоул натпреварот во Соединетите Американски Држави. Најгледаниот спортски настан значително го зголемува периодот на паузата меѓу двете полувремиња, токму поради финансиски причини.