Фудбалерот со највисока плата нема да му помогне на Арсенал во финалето на ФА Купот

Озил

Овој викенд се игра големото финале во ФА Купот. Во борбата за титулата ќе учествуваат два лондонски тим, Арсенал и Челзи.

Во редовите на тимот предводен од Микел Артета наводно нема да биде Месут Озил. Фудбалерот со најголеми примања во редовите на „топџиите“ ќе биде на продолжен одмор во Турција и нема да учествува во мечот за титула.

Поранешниот германски репрезентативец не одиграл под палката на Артета од средината на јуни. Така ќе биде и оваа сабота, кога ќе ги следи соиграчите како играат за престижен трофеј далеку од теренот.

Според последните информации кои доаѓаат од неговиот клуб, играчот за врска има повреда на грбот и поради тоа не добива минутажа на натпреварите.

Договорот на Озил со Арсенал истекува во 2021 година и му носи неверојатни 400.000 евра неделна плата.