Фудбалот на „чизмата“ пак е во мода, Италија има учесник во сите три финалиња!

Италијанската Серија А сезонава ќе има претставници во сите три финалиња на натпреварувањата под покровителство на Европската фудбалска унија (УЕФА), податок кој е вистинска реткост во модерната ера на оваа игра.

Интер стигна до финалето на Лигата на шампионите, елиминирајќи го градскиот ривал Милан, Рома беше подобра од Баер Леверкузен во полуфиналето на Лига Европа, додека Фиорентина преку Базел успеа да се пласира во финалето на Конференциска лига.

Последен пат ваква ситуација беше забележана во далечната 1994 година, кога Милан, Интер и Парма беа во финалето на Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Купот на победниците на Куповите, а само вториот не успеа да триумфира во натпреварот за титула.

Пред тоа, Италијанците беа во финалето на три натпреварувања во 1989 година, кога Милан ја освои Лигата на шампионите, односно тогашниот Куп на шампионите, Наполи во Купот на УЕФА, а Сампдорија, Купот на победниците на куповите.