Фудбалерот на Арсими успешно опериран по тешката повреда против Силекс! 

Фудбалерот на Арсими Диего Контрерас беше успешно опериран по тешката повреда што ја заработи на денешниот натпревар против Силекс, потврди неговиот клуб преку официјално соопштение.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Страшна повреда го прекина мечот Арсими - Силекс во Гостивар!

Од клубот информираа дека хируршката интервенција завршила успешно, а на фудбалерот му посакаа што побрзо закрепнување и целосно враќање во натпреварувачка форма.

„Му посакуваме на Диего брзо заздравување и целосно закрепнување, со желба што поскоро повторно да го видиме на зелениот терен, како ги брани нашите бои. Диего, со тебе сме на ова патување. Сите заедно го очекуваме твоето враќање!“, се наведува во соопштението.

Клубот упати и благодарност до медицинскиот тим и сите лекари кои се грижеле за фудбалерот и успешно ја извршиле операцијата.