Фудбалерките за првпат во четврти шешир во квалификациите за СП

Женската фудбалска репрезентација на Македонија се најде во четвртиот шешир во ждрепката за квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2023 година.

Досега нашите дами беа во последниот сад, но на новата ждрепка ќе бидат сместени во четвртиот шешир, заедно со Словачка, Унгарија, Белорусија, Хрватска, Грција, Албанија, Израел и Азербејџан.

Ова ќе бидат рекордни квалификации со вкупно 51 учесници. Сите ќе бидат поделени во шест групи со по шест тима, а три ќе бидат со пет. Натпреварите ќе се играат меѓу септември 2021 и септември 2022 година.

Ждрепката за квалификациите за Светското првенство во 2023 година е закажана на 30 април.

  • Шеширите во мундијалските квалификации: