Фудбалерките со пораз од Словенија ги завршија квалификациите

Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз во квалификациите во Лига Ц сегментот за пласман на Европското првенство.

Нашите фудбалери беа немоќни на гостувањето во Словенија и од домашната селекција загубија со убедливи 4-0 (3-0). Словенија со двата гола на Прашникар уште во раната фаза од мечот поведе со 2-0, додека до полувремето погоди и Корошец за веќе убедливи 3-0. Во вториот дел се играше нешто поизрамнето, но домашните фудбалерки успеаја одново да ја затресат нашата мрежа и конечните 4-0 ги постави Кастелец во 71. минута

Словенија групата ја заврши со максимални шест победи и без примен додека второто место ѝ припадна на Летонија со три победи и три порази. Македонија заврши на третата позиција со две победи, едно реми и три порази.