• Горан Упале
Македонската А женска репрезентација загуби од Азербејџан на натпреварот од првото коло во квалификациите од Лига Ц за пласман на Светско првенство. Во Баку, нашата селекција е поразена со 2-0.
Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме имаа свои обиди за погодок, но нивните удари беа изблокирани. Јафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан. Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.
Македонија: 1. В. Панчурова, 21. Б. Петкова (85` Петкова), 6. М. Панева, 5. П. Николовска (85` Петкова), 19. С. Мејер, 10. Т. Галабовска, 8. А. Марковска, 7. М. Грозданова (61` Бошевска), 14. Е. Величковска (74` Панеска, 9. И. Максути, 11. Х. Мустафа (61` Павловска)
Селекцијата предводена од Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терен против Андора. Мечот се игра на седми март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“.
