Фудбалерките на тренинг-камп во Банско пред Летонија и Словенија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе одржи тренинг камп во Банско, Бугарија во периодот од 26. јуни до 3. јули. Тренинг кампот е подготовка за престојните квалификациски натпревари со Летонија на 12 септември во Скопје и со Словенија четири дена подоцна на гостински терен. 

Список на повикани фудбалерки:

Голмани: 
Берна Каначки - Карсон, УСА
Викторија Пачурува - ЖФК Тиверија 
Кристина Павловска - ЖФК Шкендија 
Миа Петровска - ЖФК Бохум Германија 

Одбрана:
Ане Бошевска - ЖФК Тиверија 
Павлинка Николовска - ЖФК Луботен 
Викторија Надева - ЖФК Тиверија 
Галабовска Теона - ЖФК Тиверија 
Кристина Мојсоска - ЖФК АСС Унитед 
Елена Панеска - ЖФК Каменица Саса 
Ихмите Лимани - ЖФК СВ Веинберг 67, Германија 

Среден ред:
Катерина Петкова - ЖФК Истатов
Радица Велкова - ЖФК Каменица САСА
Хава Мустафа - ЖФК Шкендија
Александра  Марковска - ЖФК  Љуботен
Симона Мајер - Макаби, Израел
Ленче Андрееска 
Елена Петревска - ЖФК Љуботен
Наташа Андонова - ЖФК Леванте, Шпанија                                             

Напад:
Илза Максути - ЖФК АСС Јунајтед
Бојана Петкова - ЖФК Љуботен
Лора Сулејмани - GPSO 92, Франција
Веса Села - ЖФК АС Јунајтед

Македонија во квалификациите за Европското првенство игра во Лигата Ц, група 2, а има две победи, едно реми и еден пораз по четири одиграни средби.