Фудбалерките на Камерун ги плукаа Англичанките, штрајкуваа среде меч, го туркаа судијата... (ВИДЕО)

Селекцијата на Камерун претрпе елиминација од Светското фудбалско првенство за жени, откако со 3-0 беше надиграни од англиските девојки. 

Англичанките лесно обезбедија четвртфинале на овој собир, но она што го правеа фудбалерките на Камерун, навистина е неверојатно. Сè започна со плукање од страна на Ејангуе, која имаше среќа и остана без казна, а потоа по вториот примен гол за момент Камерунките штрајкуваа и не сакаа да го изведат ударот од центарот. 

На крај Јанго без никаков респект го турна главниот судија од зад грб, но и таа мина неказнето. Навистина неверојатни сцени на Светското првенство за жени.