• Зоран Мишевски

Почна пролетниот дел од Првата женска македонска фудбалска лига. Во дуелот на лидерот, Љуботен во Прилеп беше убедлив против Цевитана и извојува победа од 0-6. Сосема очекуван исход, со оглед на тоа што домашниот тим е подмладен, а гостинскиот е актуелен шампион и лидер на табелата.
Интересно е тоа што головите беа постигнати до 51. минута, а потоа ниту еднаш не се затресе домашната мрежа.
Прва фудбалска лига (ж)
15. коло:
Цевитана – Љуботен 0-6
Ас унитед – Топ гол 4-0
Истатов – Речица 1-2
Шкендија – Саса 0-3
Скопје – Тиверија 2-1
Комплетниот натпревар меѓу Скопје и Тиверија:
Лидер е Љуботен со 38 бода, пред Саса која има 37, а третопласиран е Ас Јунајтед со 35 бода.