Фудбалерките до 19 години ги дознаа ривалите за новата сезона во Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ги дозна ривалите за новата сезона од дивизијата Б во Лигата на нации.

Во групата Б1 противници на нашите фудбалерки ќе бидат селекции на Молдавија, Велс и Литванија. Пласман во дивизијата А ќе обезбедат сите првопласирани селекции од сите шест групи, како и најдобро рангираната второпласирана селекција.

Оваа сезона на новото натпреварување на УЕФА ќе носи и пласман на Европското првенство кое ќе се одигра во Литванија.