• Мартин Танасковски
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години предводена од селекторот Катерина Милеска забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за ЕП. кој се одржува во Скопје.
Нашата репрезентација ја победија Словенија со минимален резултат 1-0 во битката за првото место во групата. На тренинг центарот при ФФМ, „Петар Милошевски", селекциите на Македонија и Словенија одиграа тврд натпревар, со голема борба и пожртвуваност. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Настасја Накова во 8. минута.
Женската репрезентација до 17 години со овој резултат кој значи две победи на две средби го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата.

