Фудбалерите заминаа за Вадуц, само победа е опција за добар квалификациски старт

Со чартер лет до Цирих и веднаш потоа автобуски превоз до Вадуц, македонската фудбалска репрезентација ја започна мисијата со која ги започна квалификациите за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Гостувањето во Лихтенштајн е половина од обврските на крајот од овој месец и убава можност за почеток на квалификациската група со победа.

Селекцијата на Милевски за Вадуц отпатува без повредените Ашковски, Ристовски и Ќамили и дополнително повикан е Тошевски. Нашите фудбалери утрово тренираа во Скопје, а официјалниот тренинг во Вадуц е закажан за утре од 15:00 часот. Претходно пред новинарите ќе се обратат селекторот Милевски и капитенот Барди.

Натпреварот Лихтенштајн - Македонија се игра в сабота од 15:00 часот на стадионот „Рајн парк стадиум“ во Вадуц.

Македонија никогаш не загубила од Лихтенштајн, а ја издвојувала и најубедливата победа во еден официјален натпревар (1-11).