Фудбалерите пред Лихтенштајн ќе се соберат директно во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација во петтиот круг од Лигата на нациите ќе игра против Лихтенштајн, а селекторот Игор Ангеловски ќе ги собере фудбалерите на „гостински терен“.

Подготовките на националниот тим кога се играше со Гибралтар отпочнаа во Малага, а сега ќе стартуваат во Швајцарија. во Фрајнбах, на 11 ноември. Нашите најдобри фудбалери ќе тренираат во малото гратче се до официјалниот тренинг, кој ќе биде еден ден пред натпреварот, на стадионот во Вадуц.

Фрајнбах е оддалечен од Вадуц седумдесетина километри. Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра на 16 ноември од 20:45 часот, а „црвено-жолтите“ важат за апсолутни фаворити.

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 4 3 0 1 8:5 3 9
2 ГибралтарГибралтар 2 4 2 0 2 3:5 -2 6
3 ЕрменијаЕрменија 4 2 0 2 6:4 2 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 2 4 1 0 3 5:8 -3 3