ВИДЕО: Фудбалерите на Волсфбург изиграни како мали деца – контра од учебници на „милионерите“

Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжуваат каде што застанаа пред прекинот на Бундеслигата. Во вториот натпревар од рестартот на германскиот шампионат, „милионерите“ славенички завршуваат уште едно дерби и повторно се доближија на само еден бод до лидерот Баерн Минхен. 

Нова „жртва“ на Борусија беше тимот на Волсфсбург, кој беше совладан со сигурни 0-2. Резултатот го отвори Гереиро со погодок во 32. минута, додека точка на натпреварот стави Хакими, по еден неверојатен контра напад како од фудбалските учебници. Сè започна од казнениот простор на „милионерите“ и по неколку додавања од „прва“ Санчо мајсторски се ослободи од својот чувар и додаде до Хакими, кој одличната акција ја круниса со прекрасен погодок. 

  • Голот на Хакими против Волфсбург: 

Следен предизвик за Борусија Дортмунд е големото дерби со Баерн Минхен, кој денес од 18:30 часот ќе го пречека тимот на Ајнтрахт Франкфурт.