ВИДЕО: Фудбалерите на Шахтјор и на Динамо се тепаа како на улица пред очите на судијата

Ривалството на Шахтјор и на Динамо Киев ги надмина сите граници откако во финишот на денешниот меч во Лвов, кој Шахтјор го доби со 3-0 настана општа тепачка, во која фудбалерите на двете екипи не бираа средства како да го повредат противникот. 

Судијата Јури Можаровски додели три црвени картони, а веројатно уште неколку фудбалери ќе бидат казнети по прегледување на ТВ снимката.