ВИДЕО: Фудбалерите на Розенборг го изведоа најатрактивниот волеј во историјата

Откако минатата година го освоија трофејот, оваа година фудбалерите на Розенборг се стремат на нешто повисоко. А што е повисоко од нивниот сосед, хотелот „Сандик“ висок 74 метри? На покана од хотелот кој е наспротив стадионот, фудбалерите на Розенборг направија поразличен тренинг од секојдевниот и се обидоа да го направат најепскиот волеј во историјата на фудбалот. За таа забава, дел од играчите се качија на покривот на хотелот, од каде центарираа кон своите соиграчи долу на теренот. Замислената цел им успеа дури по 44. обид, кога го направија досега најатрактивниот волеј некогаш виден.