• Горан Упале

Третиот комплет дресови на премиерлигашот Њукасл за новата сезона е во боите на знамето на Саудиска Арабија, земјата од која што доаѓа новиот газда на англиски клуб.
Пред крајот на минатата година, конзорциумот на ПИФ, кој е под директна контрола на саудиските власти, го купи Њукасл. Англискиот клуб на тој начин стана клуб со најбогати сопственици во светот.
„Популарните „страчки“ претходно носеа зелени дресови во сезоните 2019/20 и 2014/15, а навивачите сега не се одушевени со нов дрес кој потсетува на дресот на репрезентацијата на Саудиска Арабија.
#NUFC's 2022/23 third kit is now available to order! #BetterNeverStops
— Newcastle United FC (@NUFC) June 28, 2022
Со доаѓањето на новите газди и тренерот Еди Хау, Њукасл од тим кој што се бореше за опстанок направи голем скок и сезоната во Премиер лигата ја заврши на единаесеттата позиција.