Фудбалерите на Ливерпул добија „зелено светло“, Клоп ја прекина забраната

Пред три години, фудбалерите на Ливерпул беа шокирани од барањето на нивниот тренер Јирген Клоп.

Германецот им забрани да го допираат знакот „This is Anfield“ на излегување на теренот. Шефот на стручниот штаб на „црвените“ верувал дека тоа носи лоша среќа и поради тоа им порачал да не го прават тоа додека не освојат некој трофеј.

Сега кога беше освоена титулата во Лигата на шампионите, оваа забрана повеќе не важи. Тоа го потврди Вајналдум на социјалните мрежи.

На отворањето на новата сезона, само Холанѓанецот и капитенот Џордан Хендерсон го направија тоа и се вратија на старата навика.