ВИДЕО: Фудбалерите на Јувентус со шампањско и пури го прославија освоеното скудето

Екипата на Јувентус уште еднаш ја потврди доминацијата во италијанскиот шампионат, откако стана единствената екипа од Апенините која двапати во својата историја има освоено пет скудетa во низа. Претходно тоа на „старата дама“ ѝ успеа во периодот меѓу 1930/31 до 1934/35 година. Како и минатата година така и оваа фудбалерите на Јувентус својата 34. (32. според Италијанската фудбалска федерација) титула ја прославија на тренинг.

По социјалните мрежи веќе протекоа видеа во кои може да се види големото славје на фудбалерите на Јуве, а судејќи по нив, дефинитивно најсреќен е францускиот репрезентативец Пол Погба.