ФОТО: Фудбалерите ги нарече водоводџии, а потоа им се извини на кошаркарите

Стивен Ворнок

Противници на Тотенхем во групната фаза во Лигата на шампионите ќе бидат Олимпијакос, Баерн Минхен и Црвена Звезда.

Стручните коментатори на „Скај Спортс“ дадоа свое мислење за секој противник. Најголемо внимание привлече поранешниот фудбалер на Ливерпул и Астон Вила, Стивен Ворник, кој рече дека некои од фудбалерите на српскиот шампион се водоводџии.

„Тоа е место каде што има непријателска атмосфера, а фудбалерите исто така имаат и втора работа. Некои се водоводџии... А замислете минатата сезона играа во Лигата на шампионите...“ , рече Ворнок.

За вечерта да биде уште полоша за него, во извинувањето на Твитер го спомна кошаркарскиот клуб, наместо фудбалскиот.