Фудбалерите домаќини само во Скопје, а ќе патуваат во Торшавн, Рига и Ереван

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја започне новата сезона од Лигата на нациите во септември, а УЕФА веќе ги објави термините на натпреварите и стадионите на кои ќе се игра новото издание.

Нашиот национален тим во Лигата Ц ќе игра со репрезентациите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија. Сите домашни мечеви на Македонија ќе се играат на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а ќе се гостува во Торшавн, Рига и Ереван.

  • Распоред на Македонија во Лигата на нациите:

7 септември - Фарски Острови - Македонија
(„Торсвалур“, Торшавн, 15:00 часот)

10 септември - Македонија - Ерменија
(„Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот)

10 октомври - Летонија - Македонија
(„Сконто“, Рига, 18:00 часот)

13 октомври - Ерменија - Македонија
(„Републикански стадион“, Ереван, 18:00 часот)

14 ноември - Македонија - Летонија
(„Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот)

17 ноември - Македонија - Фарски Острови
(„Тодор Проески“, Скопје, 15:00 часот)

Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.