• Горан Упале
Фудбалерите на Челзи повторно ги разочараа своите навивачи. „Сините“ загубија со 3-0 на гостински терен кај Брајтон и тоа беше нивниот петти последователен пораз. Петти последователен неуспех, без постигнат гол, нешто што не им се случило од 1912 година.
„Беше неприфатливо во секој аспект од играта, неприфатливо во нашиот став. Секогаш излегувам и ги бранам играчите, но ова е неодбранливо. Начинот на кој ги примивме головите, бројот на дуели што ги загубивме, недостатокот на интензитет во тимот. Нешто мора драстично да се промени сега. Мислам дека треба да се погледнат во огледало и да видат што даваат. Може да се зборува за тактика, но тактиката доаѓа по основите. Само тројца, или можеби четворица играчи дадоа се од себе на теренот. Нема да ги именувам фудбалерите, но тројца или четворица не е доволно“, рече Розениор.
Шансата да се спаси сезоната е натпреварот против Лидс во полуфиналето на ФА Купот. Челзи е седум бода зад петтопласираниот Ливерпул и надежите за Лигата на шампионите се практично згаснати.





