Фудбалери од страв одбија да играат квалификациски меч!

Во Азија почнаа прелиминарните рунди за квалификациите за Светското првенство (СП) во 2022 година, а еден од мечевите не се одигра поради страв на едната репрезентација.

Селекцијата на Макао на домашен терен со минимални 1-0 славеше над Шри Ланка, но одби да го игра реваншот. Дуелот требаше да се игра во градот Коломбо, а причина за такво нешто се терористичките напади.

Пред извесен период имаше терористички напади во Шри Ланка, па фудбалерите на Макао се плашат од атентат. Натпреварот не се одигра, а сега на потег е ФИФА.

Светската куќа на фудбалот одби дуелот да се игра на неутрален терен, а се очекува Макао да добие санкција и службено да го загуби овој натпревар.