• Сашо Поповски

Фудбалерите на Данди Јунајтед ја започнаа новата сезона во Лига Купот со минимална победа над Арброт.
Единствениот погодок беше постигнат од слободен удар од 40 метри далечина. Чарли Малгру ја искористи лошата поставеност на голманот и погоди директно од неверојатна позиција.
На голот му претходеше мало изигрување на двајцата фудбалери на Данди, кои предизвикаа реакција од противничката одбрана и голман.
Нареден противник на Данди ќе биде екипата на Ист Фајв.