Фудбалер побегна од изолација и пијан со возило за голф се возеше низ градот!

Фудбалерот на Велингтон Феникс, Тим Пејн се соочува со санкција од властите во Нов Зеланд, откако ја прекрши самоизолацијата. Оваа екипа беше сместена во карантин, поради ширењето на коронавирусот и на австралиско тло. 

Сепак, за нештата да бидат полоши, Пејн освен што заедно со Оливер Саил ја прекршија изолацијата, под дејство на алкохол со возило за голф терени се возеа низ Сиднеј. 

„Неверојатно ми е жал и непријатно поради тоа што го направив. Не се гордеам со тоа и свесен сум дека ќе бидам санкциониран“, призна Пејн. 

Инаку, Велингтон Феникс се натпреварува во австралиската А лига, која како и останатите во моментов е суспензирана додека не се среди ситуацијата со вирусот.