Фудбалер на Тулуз обвинет за сериозен расистички скандал во Франција

Фудбалерот на Тулуз, Арон Донум, е обвинет за расистички гест кон противникот Симон Ебоног за време на натпреварот против Авр (0:0), објавија повеќе француски медиуми. 

Според сведоците, Донум мавнал со раката пред носот кон својот противник на крајот од натпреварот и упатил погрдни зборови, гест што предизвикал сериозни реакции на теренот. Тренерот на Авр, Дидие Дугар, жестоко реагираше по мечот. 

„Ако тоа не е расизам, тогаш што е? Ми беше кажано дека е само „порака“. Дали е нормално да се понижува противникот на таков начин? Тоа е сериозно и навредливо“, рече францускиот стратег, кој доби жолт картон поради протест кон судијата. 

Се очекува официјална реакција на француската Лига 1. Ако биде докажана вина кај фудбалерот на Тулуз, за него сигурно ќе следи жестока дисциплинска санкција.