ВИДЕО: Фудбалер на Шериф колабира на дуелот со Реал Мадрид

Шериф

Шериф Тираспол, клубот каде што игра Бобан Николов, загуби на домашен терен во дуелот со Реал Мадрид. Молдавскиот првак немаше решение за расположениот противник предводен од Карло Анчелоти.

Покрај гостинската победа, мечот го одбележа и Адама Траоре, кој колабираше и мораше да добие итна медицинска помош. 26-годишникот се фати за градите и падна на теренот во самата завршница од натпреварот.

Траоре лежеше на теренот и беше забележан како одмавнува со главата, како одговор на прашањата на медицинските лица. Молдавската екипа допрва треба да ги објасни причините за болките во градите на фудбалерот од Мали

Состави

Yuri Vernydub

4-2-3-1

    Карло Анчелоти

    4-3-3