• Горан Упале
Во натпреварот од 23. коло на францускиот шампионат, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ одигра 1-1 против Рен, а до бодот стигна со гол во седмата минута од судиското надополнување.
Гостите поведоа во 33. минута со голот на Амине Гуири и кога се чинеше дека ПСЖ ќе го забележи само вториот пораз сезонава, израмни Гонзало Рамос од пенал.
Сепак, натпреварот во Париз го одбележа мајсторијата на 24-годишниот Гуири. Тој ја прими топката на околу 40 метри од голот на ПСЖ и по спектакуларен пробив нанижа неколку противнички играчи и мајсторски погоди со врвот на копачката за водство на гостите.
- Голот на Гуири против ПСЖ:
Инаку, по натпреварот Луис Енрике објасни зошто се реши да го извади од игра Мбапе, иако неговиот тим бркаше негатива.