• Саше Љолес
Фудбалерот на францускиот Нант, Мостафа Мохамед, одби да учествува во кампања против хомофобијата, која ја организира француската фудбалска Лига 1.
Мохамед истакна дека неговата религија и култура не дозволуваат такво нешто, а од неговиот клуб изјавија дека Египќанецот ќе добие парична казна и нема да настапи на мечот од последното коло против Монпеље.
Истиот играч минатите години одбиваше да ги носи и симболите за слични кампањи, особено оние што се однесуваат на ЛГБТ заедницата.











