Фудбалер на Монпелје на интензивна нега, се сомневаат на коронавирус

Саломон Жуниор Самбиа, фудбалерот на Монпелје синоќа беше итно пренесен во болница поради респираторни проблеми кои укажуваат дека постои голема шанса да е заразен со вирусот ковид-19.

Оваа информација сè уште не добила потврда од францускиот клуб, но елитниот „Л'Екип“ тврди дека 23-годишниот фудбалер поради влошената здравствена состојба моментално е на интензивна нега. 

Самбиа е член на Монпелје од 2018 година, а претходно една сезона настапуваше како позајмен играч. Својата кариера ја започна во Ниор, од каде се пресели во Монпелје. 

Коронавирусот повеќе од еден месец прави големи проблеми во Франција, а доколку Самбиа навистина е позитивен, тоа ќе биде дополнителен шок за француските фудбалски власти кои очекуваат наскоро да им дозволат на фудбалерите да им се вратат на тренинзите на клубовите.