• Горан Упале
Аламара Џаби, 18-годишен фудбалер на данскиот клуб Мидтјиланд, беше избоден за време на грабеж во неговата родна земја Гвинеја-Бисао, каде што беше на одмор.
Младиот човек беше подложен на итна операција која му го спаси животот и сега е надвор од животна опасност.
„ФК Мидтјиланд може да потврди дека нашиот 18-годишен играч Алмара Џаби беше жртва на грабеж во неговата родна земја Гвинеја-Бисао, за време на кој беше избоден. Тој е надвор од животна опасност, но останува во болница во Бисао. Неговата состојба е стабилна и клубот е во близок контакт со Џаби и неговото семејство“, потврди неговиот клуб.
Џаби, кој игра за репрезентацијата на Гвинеја-Бисао до 20 години, потпиша петгодишен договор со Мидтјиланд пред само еден месец.



