Фудбалер на Мароко само што се врати од СП „уби“ човек

Младиот марокански репрезентативец и член на Шалке 04, Амин Харит учествуваше во сообраќајна несреќа по која едно лице го загуби својот живот. 

Харит заедно со својот малолетен брат синоќа во градот Маракечо несреќно удриле во 30-годишник, кој за жал починал на самото место. Засега нема официјален став на мароканската полиција, за тоа кој е виновникот за оваа несраќа, а на Харит му е одземена патната дозвола и ќе мора да се јавува на секој повик на полицијата. 

„Како возач Харит не можеше да ја избегна трагичната несреќа. Харит и Шалке им испраќаат искрана порака со сочувство на семејството на починатиот“, стои во соопштението на германскиот гигант. 

Оваа несреќа се случи само по два дена откако Мароко се врати од настапите на Светското првенство во Русија, каде Харит го одигра само натпреварот против Иран.