• Сашо Поповски

Фудбалерот на Рома, Никола Залевски, за среќа не се здоби со посериозна повреда, по бруталниот старт кој врз него го направи членот на Лудогорец, Оливие Вердон.
Судијата оправдано покажа црвен картон во завршницата од мечот во Рим. Дополнителна осуда за гостинскиот играч пристигна од социјалните мрежи, каде фановите напишаа дека на момент стравувале за животни последици на младиот ас на „волчицата“.
Вердон по натпреварот се извини и му порача многу среќа во остатокот од сезоната на Залевски.