ВИДЕО: Фудбалер на Лацио за момент се претвори во Суарез и гризна противник! 

Екипата на Лацио запиша неочекуван кикс во Серија А, по кој на еден начин драстично ги намали шансите за шампионската титула во италијанското првенство. 

„Небесно-сините“ со пораз од 2-1 го напуштија Лече, а нивната фрустрираност дојде до израз во самиот финиш, кога Патрик направи голема глупост и предвреме го заврши натпреварот. Во една мешаница Шпанецот за момент се претвори во Луис Суарез и го кризна противничкиот фудбалер Донати. 

  • Срамниот потег на Патри: 

Победата на Лече ја донесоа Бабакар и Лучиони, додека почесниот погодок за лацијалите го постигна Каиседо.