ВИДЕО: Фудбалер на Хетафе го навредувал Куман, овој му се пожали на тренерот Бордалас

Барселона го претрпе првиот пораз во новата сезона на Примера, а натпреварот во предградието на Мадрид остана запаметен по разговорот на двајцата тренери среде натпревар. Имено, Куман се доближи до Хозе Бордалас и му потврди дека бил навредуван од еден од неговите фудбалери. 

„Нивниот играч со број 12 ме навредуваше и тоа му го кажав на тренерот Бордалас. Ниом покажа огромно непочитување, кажа неколку лоши работи кои не сакам да ги повторам пред медиумите. 

Разговарав со Бордалас, му реков да зборува со својот играч, вакви работи не треба да се случуваат на фудбалските натпревари“, рече Куман.

Барселона загуби со 1-0 и пропушти можност да се израмни со Реал Мадрид на врвот на табелата (со натпревар помалку).