ВИДЕО: Фудбалер на Хамарби прослави гол со ЧАША ПИВО пред своите фанови!

Синоќешниот натпревар од шевдското првенство меѓу Хамарби и Гетеборг го одбележа еден специфичен начин на радост на стрелецот на домашната екипа. Eкипата на Хамарби славеше со 3-0, а голот на некогашниот фудбалер на Ајакс, Кенеди Бакирчоглу ја обиколи Скандинација. 

Во 79. минута со фантастичен погодок, Кенеди го заклучи победникот, тргна кон трибината зад голот и до него долета чаша со пиво. Ветеранот не се изненади и со здравица се напи од пивото, а гледалиштето се одушеви од гестот. 

Хамарби изби на третото место во шампионатот кој е пред самиот крај, а титулата веројатно ќе ја освои АИК Солна.