Фудбалер на Дерби среде улицa нападнат, прободен со нож, па потоа ограбен

Островската јавност е шокираната од нападот среде улица на професионален фудбалер. Андре Виздом, кој е член на Дерби Каунти, е хоспитализиран со повреди нанесени од нож. Фудбалерот бил нападнат од непознати лица и ограбен откако го повредиле.

Дефанзивецот се наоѓа во стабилна состојба и животот не му е доведен под знак прашалник. Полицијата почна со истрага и расчистување на случајот кој ја потресе фудбалската јавност. Некогашниот фудбалер на Ливерпул важи за мирна личност и нема досие со проблеми и конфликти.

„Мојот брат е нападнат, прободен е со нож и во моментот е во болница“, изјави по инцидентот сестрата на Виздом.

Андре Виздом запиша 22 натпревари за Ливерпул, а денес е старндарден член на тимот во кој менаџер е Филип Коку.