Фудбалер на Брегалница со добрите игри се врати во националниот тим!

Екипата на Брегалница има добра пролет и пет кола по ред не знае за пораз, а еден од играчите во дефанзивата доби повик во националниот тим и направи кам-бек по одредено време.

24-годишниот стопер Халид Лвалива одигра одлични натпревари во одбранбениот дел на штипјани оваа пролет. Од пет натпревари, Брегалница прими само еден гол, а голема вина за тоа имаше добрата игра на Лвалива кој беше сигурен.

Токму добрите игри за Брегалница го вратија Лвалива во репрезентацијата. Стоперот се најде на списокот на играчи во селекцијата на Уганда по кратка пауза. Стоперот одигра четири меча по ред за Брегалница по 90 минути, па по шест меча отсуство, ќе игра за Уганда.

Уганда ја чекаат натпревари во квалификациите за Африканскиот куп на нации. Селекцијата игра двомеч со Танзанија, на 24 и 28 март, а на теренот ќе има играч од ПМФЛ.