Фудбалер на Билбао земал лек против опаѓање на коса и доби драконска суспензија од УЕФА

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез, доби десетмесечна суспензија од УЕФА поради позитивен допинг тест, на кој е утврдено присуство на недозволена супстанца. 

Фудбалерот бил позитивен на антидопинг тестовите по натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа. Според него, причината била „несвесно земање лек против опаѓање на коса, кој му припаѓал на неговиот другар и во кој ја содржел забранетата супстанца“.

Алварез ќе се врати на тренинзите на втори февруари 2026 година, а ќе биде подготвен за игра од втори април. 30-годишниот дефанзивец, кој има над 200 настапи за Билбао е и поранешен шпански младински репрезентативец.