Фудбалер на Астон Вила избоден во близина на тренинг центарот

Младинецот на Астон Вила, Бредли Јанг бил избоден со нож во Бирмингем викендов во близината на тренинг центрите на клубот. 

Англиските медиуми напишаа дека младиот фудбалер веднаш бил хоспитализиран, но повредите не биле многу опасни и нема да има последици. 

Од редовите на Астон Вила не сакале да ја коментираат случката и се обиделе да сокријат, па тоа е причината поради која инцидентот не бил објавен од петокот до денес.

Инаку, Јанг има 17 години и е член на младинскиот тим каде игра на позицијата напаѓач.