• Горан Упале
Украински Шахтјор реши да го казни својот фудбалер Курсав Тоиров поради објава за натпреварот помеѓу Русија и Србија. Тој „лајкнал“ на победата на Русија на социјалните мрежи.
Украинскиот клуб излезе со соопштение во врска со споменатиот „инцидент“ и ја образложи својата одлука:
„Шахтјор ја виде ваквата реакција на Курсав Тоиров под објавата за победа на агресорот. Овој потег го сметаме за неприфатлив и е срамно однесување. Фудбалерот ќе биде казнет со една месечна плата, а клубот ќе ги исплати тие пари како помош на воените сили на Украина“, се вели во соопштението на украинскиот клуб.
Месечната плата на Тоиро наводно е околу 7.000 евра. 19-годишниот фудбалер од Таџикистан има договор со Шахтјор до крајот на 2027 година.