ВИДЕО: Фудбал е повеќе од игра - дете „трча“ без нозе и со патиките во раце

Фудбал

На социјалните мрежи се појави уште едно видео кое е одличен доказ за пасијата за фудбал која постои во целиот свет.

Мало дете, кое има хендикеп и е без нозе, не се откажа од својот сон да го игра спортот кој што го прави среќен. Тој е на терен покрај своите другари, а патиките му стојат на неговите раце.

Детето се вика Сантиги, а многумина започнаа да го споделуваат видеото со цел да привлече внимание на што е можно повеќе луѓе.

Фудбалот е повеќе од игра, погледнете зошто: